Ќе се натпреварува градска софра и селска трпеза
29.10.2013 15:43
| KumanovoNews
Во ресторанот Грација во недела ќе се оддржи гастрономско-туристичката манифестацијата “Градска софра - селска трпеза“.

На манифетацијата предвидена е презентација на традиционални кумановски јадења, промоција на современа кујна, натпревар за нaјдобра градска и селска софра - трпеза, народни обичаи и хумор од кумановско, дегустација на јадења и културно - забавна програма.
Настанот го организираат Здружението “Козјачија во срцето“, “Етно Беба“ и ресторан “Грација“.