Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во село Режановце утре ќе се оддржи третата по ред стопанско - културна манифестација “Празијада“.
Домаќинките ќе готват специјалитети во кои како основна намирница ќе биде празот.
Оваа “Празијада“ ќе биде слична на претходните. На оваа Празијада ќе земат учество повеќе субјекти, односно претставници од целиот регион почнувајќи од Умин Дол па се до Табановце, затоа што во тој дел и празот е еден од стратешките производи - вели Жика Крстевски, раководител на сектор за спорт и култура во Општина Куманово.
“Празијада“ ја организираат месна заедница Режановце, со помош на локалната самоуправа и локалните бизнисмени.
Манифестацијата ќе почне во 11 часот и таа е дел од празничната програма.
(фото архива)