Ќе се постават канти за измет од миленици
03.04.2014 15:50
| KumanovoNews
На неколку локации во градот следната недела ќе бидат поставени петнаесетина канти за измет од домашни миленици.
Вакви канти ќе има во Соколански парк, Стариот градски парк, на кеј и на плоштад.
Многу граѓани имаат миленици, и апелираме кога ги шетаат да не уринираат врз садници бидејќи ги оштетуваат. Исто така бараме да го почитуваат и да се придржуваат кон редот - вели Благица Јовановска од ЈП“Чистота и зеленило“.
Канти за измет од миленици првпат се поставуваат во Куманово и на нив ќе има соодветна апликација.