Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општина Куманово одвои 600.000 денари за реновирање на подовите на 5 училници во основното училиште „Христијан Карпош“, во населбата „Перо Чичо“.
Според директорката Лидија Костиќ, работите ќе започнат во текот на овој месец и ќе завршат до почетокот на новата учебна година.
„Тоа ќе значи многу за нашето училиште, бидејќи ќе се подобрат условите за работа на учениците и на вработените. Ќе се подобри хигиената и ќе се создаде подобар амбиент на учење и творење на нашите ученици“, - вели Костиќ.
Проектот е изработен на форумските сесии, преку проектот „Јакнење на општинските совети“, а се реализира преку УНДП.