×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реновира големата сала во комитет

    05.06.2015 14:54 | KumanovoNews

    Со 28.000 евра, пари од североисточниот плански регион, ќе се реновира големата сала во комитет, а покривот на зградата ќе се санира со пари од општинскиот буџет.

    Ќе се реновира големата сала во комитет

    Градоначалникот Зоран Дамјановски се надева дека за празникот на градот, салата ќе добие целосно нов лик и тука ќе можат да се одржуваат седници, состаноци, конференции и други настани.

    “Ќе се изврши внатрешно уредување, тапацирање, видeo презентации, озвучување, и се надеваме деќа ќе направиме ложа за новинари, за следење на сите позначајни настани, почнувајќи од конгреси, конфeренции, невладини здруженија, регионални настапи, значи една мултидисциплинарна, мултифункционална сала како што заслужува овој град. Се надеваме дека по реконструкција на овој многу значаен простор, општината ќе има капацитет да ја промени фасадата на оваа зграда“ - изјави градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски.

    Тој вели дека ќе настојуваат овој објект кој е постар од 35 години, да го одржуваат во добра состојба.