×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реновира пругата Куманово - Дељадровци

    19.04.2013 10:40 | KumanovoNews

     Македонски железници и Министерството за транспорт и врски со европски пари, планираат да ја реконструираат пругата од Куманово до селото Дељаровци во должина од 17 километри.

    Ќе се реновира пругата Куманово - Дељадровци

     За реализација на проектот потребни се 35 милиони евра, а реконструкцијата ќе започне за неколку години.

    По тој повод денеска во Куманово е одржа јавна распарава на која експерти говореа за позитивните и негативните ефекти од реконструкцијата на пругата пред претседателите на месните заедници и општинската администрација.

     Разгледани се повеќе варијанти. Пресметано е дека ако треба да се направи нова пруга тоа ќе чини 100 милиона евра, а за ремонт и реконструкција на пример ќе бидат потребни 35 милиони евра. Затоа е одлучено да има ремонт на постоечката пруга - вели Валентин Михаиловски, експерт за железнички сообраќај од Евротранспорт.

     Вложувањата во железничката инфраструктура ќе ја подобри безбедноста во сообраќајот, а граѓаните побрзо ќе стугаат од еден до друг град.

    Придобивката ќе биде сигурноста, затоа што ќе бидат поправени сите премини. Потоа ќе бидат обезбедени со сигнали, со рампи, надвозници, подвозници. Прво сигурноста за населението ќе биде зголемена. Второ оваа пруга веќе бараше ремонт, ваква каква што е не е безбедна - рече Менка Спировска, експерт за заштита на животна средина.

    Со проектот од Европска комисија ќе бидат опфатени и делниците Драчево - Велес и Битола - Каменица.

    Јавната дискусија ја организираа од Општина Куманово, поточно секторот за животна средина.