×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Ќе се реновираат матичните канцеларии во кумановско

    27.12.2014 10:57 | KumanovoNews

    Ќе се реновираат објектите во кои се сместени канцелариите за водење на матична евиденција во кумановските села.

    Ќе се реновираат матичните канцеларии во кумановско

    Како што соопштуваат од Управата за водење на матичните книги,  прво ќе се направи проценка во каква состојба се наоѓаат десетте канцеларии, по што ќе се утврдат приорети за реновирање. Градежните работи ќе се одвиваат во почетокот на 2015 година.

    “Некои од објектите прокиснуваат, други се дотрајани бидејќи со години не се поправани. Ќе направиме проценка и онаму каде има потреба од реновирање, матичарот ќе биде преместен во најблиската соседна месна канцеларија, а граѓаните ќе бидат известени каде ќе можат да ги добиваат услугите. По реновирањето службите ќе продолжат со работа“ - вели Катерина Битровска, портпарол на Управата за водење на матични книги.

    Со проектот ќе бидат опфатени сите стари матични канцеларии низ Македонија.