Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Централното градско подрачје на Куманово од вечерва до недела ќе биде под изменет сообраќаен режим, поради одржување на концертите по повод Денот на ослободување на Куманово.
Од Општина Куманово информираат дека изменетиот режим се однесува за петок, сабота и недела.
Режимот на сообраќај ќе биде сменет на улицата „Гоце Делчев”, поточно на дел од улицата покрај Градскиот плоштад, со пренасочување заради поставување на монтажна бина – сцена за изведување на културно уметничка програма – концерти на естрадни уметници, а по повод прославувањето на Денот на ослободување на Куманово, 11. Ноември, - информираат од Општина Куманово.
Монтажната бина ќе биде поставена денеска во вечерните часови, а сообраќајот ќе биде нормализиран во утринските часови во понеделник.