Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Претстава „Чекајќи го лекарот“ од Театар Лесковац, Србија е прогласена за најдобра претстава на 26. издание на Меѓународниот театарски фестивал „Денови на комедија“ 2023 Куманово.
Одлуката ја донесе стручното жири во состав: Магдалена Ризова Черних, претседателка, и членовите Драгана Гунин, Кети Пауновска Стевковска, Петар Андоновски и Стефан Јакимовски.
Наградата за најдобра режија ја доби Дамјан Тенев за претставата „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија, за најдобра актерка Наталија Теодосиева „Илуминати“ Театар комедија – Скопје, најдобар актер Александар Степанулески „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје, најдобра споредна улога Бранко Атанасов „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје, најдобра сценографија Радостина Тодорова „Седумте стола“ Театар Ловеч, Бугарија и најдобра костимографија Раде Василев и Елена Вангеловска „Кафез кај кокони“ Драмски театар – Скопје.
Годинешниве Денови на комедија завршија синоќа со премиерата на Кумановскиот театар „Љубовна терапија“.
Вечерва ќе бидат доделени наградите, по што ќе се одигра претставата „Обвинителка“, која е надвор од конкуренција на фестивалот.