×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Целодневен фестивал на Спомен - Костурницата ќе го обележи крајот на летото

    17.09.2021 12:02 | Сара Ѓорѓиоска

     На Спомен-Костурница, утре со почеток во 11 часот ќе започне културно-музичка манифестација во организација на Wire Entertainment, независна музичка издавачка куќа од Куманово.

    Целодневен фестивал на Спомен - Костурницата ќе го обележи крајот на летото

    Фестивалот ќе биде комбинација на музичката и ликовна уметност. 

    Музичкиот репертоар се состои од DJ-сетовите на Никола Наумовски, Игор Калц и Антонио Димитриевски, по што следат Авелина, Д.Н.О, КИ, PMG Kolektiv, Dado K & Mamli, кои ќе бидат надополнети со перформанс од Dance studio Ultra.
     
    Посетителите ќе можат да видат изложба на фотографии на уметници: Ѓорѓи Антевски, Игор Манојловски Калц, Марија Јовановска, Марјан Јаневски, Ангел Миов, Часлав Марковиќ и други реномирани имиња од актуелната ликовно-уметничка сфера.

    Влезниците за настанот се во форма на своеволна донација.

    Фестивалот ќе се оддржи според сите утврдени заштитни протоколи пропишани од соодветните надлежни органи.