Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во фоајето на Центарот за култура во Куманово, утре, 3 јули, со почеток во 20 часот, ќе се одржи целовечерен концерт на соло песни за љубителите на класичната музика.
Солистка на концертот e Александра Коцевска- мецосопран, во пијано придружба на Глигор Гелебешев.
Коцевска и Гелебешев својата професионална соработка ја започнале во 2015 година и оттогаш се редовно присутни на концертните подиуми во државата.
„Очекуваме успешна музичка вечер и убава вечер за публиката. Ќе бидат изведени посебни и познати арии од Жорж Бизе, Ж.Б. Векерлин и Францис Пулен“, истакна Александар Митрички, музички соработник.
Коцевска и Гелебешев се успешни уметници и професори во Средното музичко училиште „Илија Николовски-Луј" во Скопје.
Настанот е поддржан од Министерството за култура.
Влезот е слободен за сите заинтересирани.