×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цената на бензинот пониска за 5 денари, на дизелот за 6 денари

    16.03.2022 19:41 | Сузана Николиќ

    Вечерва од полноќ цената на бензинот се намалува за 5 денари, а на дизелот за 6 денари за литар. Регулаторната комисија за енергетика вечерва донесе нови цени на горивата со кои тие се намалуваат во просек за 5,95 проценти во однос на одлуката од вчера.

    Цената на бензинот пониска за 5 денари, на дизелот за 6 денари

    Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе биде 81,50 денари, на ЕУРОСУПЕР БС-98 83,50 днеари, а на ЕУРОДИЗЕЛ 79 денари за литар.

    Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 5,50 денари за литар и ќе биде 75,50 денари, додека на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,550 денари за килограм и сега ќе изнесува 56,749 денари. .

    „Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек кај бензините  за 4,533%, кај дизелот за 7,922%, кај екстра лесното масло за 7,911% и кај мазутот намалувањето е во просек за околу 4,928 проценти“, велат од Регулаторна комисија.