Цената на безнинот и дизелот се намалува за половина денар по литар

17.08.2021 08:56 | Сузана Николиќ

Од денеска бензинот и дизел горивото поевтинуваат за половина денар по литар, додека цената на нафтата за домаќинствата останува непроменета, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Цената на безнинот и дизелот се намалува за половина денар по литар

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,54 % во однос на Одлуката од 9 август и дека се намалува и малопродажната цена на Мазутот М-1 НС за 0,195 денар/килограм.

Од 17.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 62,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,681 (денари/килограм)

2008 - 2021 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk