×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Становите во Куманово се продаваат од 750 до 1100 евра, зголемени за 60 отсто од пред две години

    03.10.2022 10:16 | Оливера Пешевска

    Инфлацијата, економската криза и зголемената куповна моќ на граѓани кои работеле во странство, ги зголемија цените на недвижнини во градот. Во споредба од пред 2019 година сега има зголемување и од 60 отсто и моменталната цена се движи од 750 евра па се до 1100 евра по метар квадратен. 

    Становите во Куманово се продаваат од 750 до 1100 евра, зголемени за 60 отсто од пред две години

    Како главни причини за високите цени на стамбенот простор се наведува растот на цените на градежните материјали, трендот за зголемување на платите во градежниот сектор, како и ограничената понуда на станови. Иако во Куманово има околу 10.000 празни станови, најбарани се помалите станови со квадратура од 40 до 60 м2. На цената не влијае премногу локацијата на објектот, туку колку е стара градбата, што значи дека поновите градби имаат и значително повисоки цени.

    „Моментална состојба на пазарот на недвижности е стабилна и покрај покачувањата на цените. До каде ќе одат поскапувањата зависи од многу фактори, а пред се од куповната моќ на граѓаните. Побарувачката се одвива исто како и пред економска криза, има мал дел и факторот што во Куманово голем број од граѓаните работат или работеле во странство, но далеку од тоа дека тоа ја диктира зголеменоста на цената. На глобално ниво животниот стандард е енормно покачен од пред неколку години во сите сфери од економијата, а последиците ги чуствуваат буквално сите бизнис сектори“, вели сопственикот на Агенцијата за недвижности „Зулу риал естејт“, Дамјан Ѓорѓевски од Куманово.

    Од друга страна оние што сакаат да обезбедат кров над глава, а се издржуваат со македонски плати, се потешко се одлучуваат да земат кредите и да загазат во долгови.

    „Кредитот лесно се зима, тешко се враќа. Навистина е преголем ризик, во овие нестабилни времиња. Цените на становите се ненормално високи, за иста цена ќе купам стан во Белград“, е коментарот на наш сограѓанин кој плаќа кирија и не сака во моментот да вложува во стан. 

    Неодамна на социјалните мрежи се појави оглас за стан кој чинеше 1300 евра за м2. Кумановци во чудо и на шега прашуваа дали станот е во некоја европска метропол или во Куманово.