Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневниот центар за лица со интелектуелна попреченост “Порака наша“ денеска слави 7 години постоење и успешна работа, а истоименото здружение 47 години од формирањето.
Во центарот се сместени 21 корисник, бидејќи толку дозволува просторните услови, со 40 лица на листа на чекање.
Од здружението велат дека преку различни проекти овозможуваат пракса и вработување за лицата со посебни потреби. Само оваа година се вработени 21 лице.
Оддржавме неколку обуки во пет општини каде што ги подучуваме лицата за активно барање на работа и во 4 општини оддржавме обуки за ментори во компании. Во тек се обуки за 8 тренери кои потоа ќе работат со нашите корисници во Дневниот центар. - вели Благица Димитровска, претседател на “Порака наша“.
Лицата со посебни потреби во чест на роденденот ги посетија дел од советниците, градоначалникот, членки на “Вешта жена“, жени пензионери и претставници на СДСМ.
Градоначалникот Зоран Дамјановски истакна дека од општинскиот буџет годинава за “Порака наша“ се одвоени 1.150.000 денари од кои 75 отсто се веќе исплатени. И средствата предвидени за Номевриска награда денеска се уплатени на “Порака наша“.
Имаме идеја со градење на нови објекти да ги подобриме условите за овие лица, меѓутоа имаме пречки во урбанистичката проектна документација, бидејќи земјиштето не можеме да го доделиме без адаптација на урбано просторна документција. Се надевам дека во наредниот период со ГУП и ДУП ќе го решиме тоа и ќе имаме отворена можност да изградиме поадекватен, посовремен и помодерен центар кој ќе биде за оваа дејност - изјави Дамјановски.
Во Куманово, Липково и Старо Нагоричане има 900 лица со посебни потреби кои се членови на “Порака наша“.