×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Центарот за интеркултурен дијалог ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово

    09.02.2022 08:46 | Жаклина Цветковска

    Центарот за интеркултурен дијалог (ЦИД) ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово, кој е наменет за поддршка и развој на младите и младинскиот активизам.

    Центарот за интеркултурен дијалог ќе раководи со Младинскиот центар во Куманово

    Оваа одлука ја донесе Општина Куманово по претходно распишаниот јавен оглас за избор на младинска организација, која има претходно искуство во младинската работа.

    Младинскиот центар ќе биде место каде ќе се подготвуваат и спроведуваат програми со кои ќе се подобрува состојбата на младите, развојот на личниот, социјалниот и професионалниот живот, ќе се нудат информации од важен интерес и други аспекти од животот на младите.

    Се работи за прв ваков центар во државата, кој беше отворен минатата година, согласно Законот за младинско учество и младински политики и стандардите за младински центри, соодветен и безбеден простор, каде ќе се спроведува системска поддршка на личниот развој на младите луѓе и нивното активно вклучување во животот во заедницата преку неформално образование, преку информирање, менторство, забавни, волонтерски и други активности.

    Младинскиот центар во Куманово ќе биде од отворен тип и достапен на младите најмалку 40 часа неделно, распоредени во најмалку 5 дена. Висината на финансиски средства од Буџетот на Општина Куманово за 2022 година е во процентуална вредност од 50 отсто до 70 отсто од потребните средства за реализација на поднесената Програма за работа на Младинскиот центар Куманово, но не повеќе од 600 илјади денари.

    Според договорот, Центарот за интеркултурен дијалог ќе управува со Младинскиот центар, во периодот од февруари 2022 до февруари 2025 година.