Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Дневниот центар за лица со посебни потреби во Куманово, доби специјално комби возило за потребите на штитениците во Центарот. Вредноста на возилото е 2,1 милиони денари.
Возилото е обезбедено проку проектот „Социјална инклузија на корисници на Дневни центри за лица со посебни потреби и подобрување на социјалните услуги преку подобрување на нивниот транспорт” на Североисточен плански регион, со Швајцарска агенција за обнова и развој, поддржана од Швајцарска амбасада и Министерство за локална самоуправа.
„Целта на проектот е подобрување на квалитетот на постоечките социјални услуги и создавање на предуслови за пристап кон услугите на поголем број на корисници, со посебно внимание кон ранливи категории на лица од Североисточниот регион. Oвој проект треба да овозможи услови за социјална инклузија на лицата од идентификуваните ранливи и маргинализирани групи на граѓани, кои подлежат на социјален ризик во функција на обезбедување недискриминација и афирмирање на социјалниот диверзитет“, вели градоначалникот Максим Димитриевски, кој денеска го врачи возилото во Центарот.
Во рамките на проектот набавени се три специјални комби возила со рампа за Центри за социјални работи со Дневни центри за лица со посебни потреби за Куманово, Кратово и Крива Паланка.