Честит Рамазан Бајрам
28.07.2014 08:47
| KumanovoNews
Верниците од исламската вероисповед во целиот свет денеска го слават Бајрам, празник со кој завршува светиот месец Рамазан и се означува крајот на постот.

Рамазан - Бајрам се слави три дена. На првиот ден се одржува утринска молитва - Бајрам Намаз, а за време на празнувањето се посетуваат роднините и пријателите.
Исламското учење вели дека во месецот на Рамазан е објавена светата книга Куран.