Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Зоран Дамјановски, по повод 20 годишнината од независноста на Република Македонија, упати честитка до граѓаните на Куманово.
Во мое лично име и во името на локалната самоуправа, на сите граѓани на Република Македонија им го честитам големиот празник 8 Септември, и 20 години слободна и независна Македонија. Воедно овој месец се слави и 10 годишнината од Рамковниот договор,тоа се два важни датуми во македонската историја и во градењето на демократија и плуралното општество. Затоа локалната самоуправа на сите граѓани им го честита големиот празник и им посакува среќна и безбедна иднина.