Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Утре ќе се одржи редовна седница на Советот на Општината Куманово. Советниците ќе расправаат по 15 точки на дневен ред, од кои 7 се предлог-одлуки за донесување на делови од деталниот урбанистички план.
Дневен ред:
1. Извештај за деловно финансиско работење на ЈП ‘‘Чистота и зеленило‘‘ – Куманово за период Јануари – Март 2011 година;
2. Предлог - Измена и дополнување на Планот на програми за развој на Општината Куманово за 2011 година;
3. Предлог – Програма за изменување и дополнување на Програмата за уредување на градежно земјиште, изградба и одржување на комунална инфраструктура на град Куманово за 2011 година;
4. Предлог – Одлука за измена и дополнување на Буџетот на Општина Куманово за 2011 година;
5. Предлог – Одлука за одобрување на проекти за водоснабдување и одведување на отпадни води во Општина Куманово;
6. Предлог – Изјава дека Општината Куманово ги исполнува условите за аплицирање за добивање на финансиски средства по Одлуката за распределба на средства согласно Договорот за заем за Проектот ‘‘Водоснабдување и одведување на отпадни води;
7. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Индустрија", Урбан блок 71, Плански опфат меѓу ул. "11-ти Октомври", ул. "1", ул. "2", к.п 16362, к.п 16363/1, к.п. 16363/3 и крак на автопат Скопје-Белград – Општина Куманово;
8. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "11-Ноември", Урбан блок 65-ж, Плански опфат меѓу ул. "11-ти Ноември", ул. "Васил Главинов", ул. ‘‘Босанска‘‘, ул. "Крсте Мисирков", ул. "Црнотравска", ул. "Никола Вапцаров" и пешачка улица – Општина Куманово;
9. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Х.Т.Карпош", Урбан блок 64-а и 64-б, Плански опфат меѓу ул. "Х.Т.Карпош", ул. "Ристовац" , ул. ‘‘Сава Ковачевиќ‘‘ , ул. "Трета МУБ" и ул."11-ти Октомври" – Општина Куманово;
10. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Бајрам Шабани" и "Тоде Мендол", дел од Урбан блок 56 и 61, Плански опфат меѓу ул. "Бајрам Шабани", ул. "Младен Стојановиќ", ул. ‘‘100‘‘, ул."Поток Серава", крак на ул. ‘‘Бајрам Шабани", ул. "Доктор Рибар" и ул. "Ѓуро Ѓаковиќ" – Општина Куманово;
11. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Тоде Мендол", Урбан блок 61, Плански опфат меѓу ул. "Благој Илиевски Гуне", ул. "Доктор Рибар", ул. ‘‘Перо Илиевски‘‘ и ул. "Киро Антевски" – Општина Куманово;
12. Предлог - Одлука за донесување на ДУП за дел од У.Е. "Центар", Урбан блок 43-ѓ, Плански опфат меѓу ул. "Народна Револуција", ул. "Тане Гeоргиев", ул. "Професор Мијалковиќ" и ул. "Среќко Пужаљка" – Општина Куманово;
13. Предлог - Одлука за утврдување на Нацрт - Детален урбанистички план за дел од УЕ ‘‘Бајрам Шабани‘‘ и ‘‘Тоде Мендол‘‘, дел од Урбан блок 57 и 60, Плански опфат меѓу ул. ‘‘Доктор Рибар‘‘, крак на ул. ‘‘Доктор Рибар‘‘, ул. ‘‘Младен Стојановиќ‘‘ и пешачка улица – Општина Kуманово;
14. Предлог – Одлука за воспоставување на меѓуопштинска соработка;
15. Предлог – Одлука за формирање на времена заедничка Комисија.