×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четириест и деветгодишна жена загина во синоќешната сообраќајка на Табановце

    21.01.2024 11:25 | Сузана Николиќ

    Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, вчера загина во сообраќајната несреќа на автопатот Куманово – Граничен премин Табановце.

    Четириест и деветгодишна жена загина во синоќешната сообраќајка на Табановце

     Според СВР Куманово во 20 часот на околу 2 км пред граничниот премин, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило „фолксваген поло“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.Т.(24) од Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.П.(45) од Куманово и патничко возило „опел инсигниа“ со српски национални ознаки, управувано од Ѓ.Н.(59) од Република Србија. 

    Во несреќата, од здобиените повреди починала Љ.Т.(49) од Куманово, сопатничка во возилото „поло“, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Куманово. Со тешки телесни повреди се здобиле В.П. и Б.Т, а со телесни повреди се здобил Ѓ.Н., констатирани во болницата во Куманово. 

    Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатата било дадено на обдукција.

    Во српските медиуми беше објавено дека во нерсеќата учествувал српскиот музучат Ѓорѓе Николиќ, познат како Ѓорѓе Давид.