×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

    22.05.2020 11:46 | KumanovoNews

    Четири нови случаи на заразени од коронавирус се регистрирани во Куманово.

    Четворица новозаболени од коронавирус во Куманово

    Во изминатите 24 часа направени се 702 тестирања, а регистрирани се 23 нови случаи на КОВИД-19. По градови:

    - Скопје 12

    - Куманово 4

    - Прилеп 2

    - Тетово 4

    - Неготино 1

    Направени се 702 теста. Досега во земјата се направени вкупно 24 018 тестирања на КОВИД -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 365 теста се во рамките на скринингот. Направени се 136 тестирања преку ЦЈЗ Велес, 94 преку ЦЈЗ Кочани, 97 преку ЦЈЗ Скопје сите во градинки и 38 тестирања на вработени во геронтолошки установи во Скопје. Не се регистрирани позитивни случаи на КОВИД-19.

    Во ГОБ „8 септември“ утрово почина 47 годишен пациент од Тетово со хронични заболувања, примен вчера со симптоми на ковид, а потврден позитивен денеска.

    Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 9 оздравени пациенти. - Скопје 3

    - Прилеп 1

    - Струга 1

    - Велес 3

    - Кочани 1.

    Вкупната бројка на КОВИД дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1921, бројката на оздравени пациенти е 1387, на починати е 112, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 422.