29. 11. 2020 20:50

Четворица починати и 49 новозаболени од коронавирус во Куманово

Четворица починати и 49 новозаболени од коронавирус во Куманово

Четворица пациенти починаа од компликации на ковид-19, а регистрирани се 49 новозаболени во изминатите 24 часа во Куманово.

На ниво на државата починале 32 пациенти, а регистрирани се 820 нови случаи од направени 2.019 тестирања.

Во Скопје се регистрирани 279 позитивни, Куманово-49, Штип-39, Прилеп-15, Тетово-42, Струга-33, Велес-19, Битола-58, Охрид-24, Кавадарци-34, Гостивар-37, Гевгелија-25, Струмица-25, Крива Паланка-6, Радовиш-7, Кочани-15, Пробиштип-10, Демир Хисар-2, Македонски Брод -1, Пехчево-3, Берово-14, Валандово-11, Виница-6, Делчево-15, Кратово-3, Свети Николе-15, Кичево-11, Ресен-1, Неготино-21.

Починати се единаесет пациенти од Скопје (73, 68, 72, 83, 77, 78, 62, 63, 88, 55, 56), четири од Куманово (89, 95, 63, 57), тројца од Прилеп (65, 59, 79), еден пациент од Тетово (83), еден од Велес (67), тројца од Битола (77, 53, 62), еден од Охрид (75), тројца пациенти од Гостивар (59, 76, 66), еден од Гевгелија (74), тројца од Струмица (57, 68, 76) и еден пациент од Ресен (61). Пациентите се починати во болнички услови.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 895 оздравени пациенти од: Скопје-496, Куманово-39, Штип-32, Прилеп-37, Тетово-29, Струга-26, Велес-26, Битола-18, Охрид-33, Кавадарци-17, Гостивар-31, Гевгелија-8, Струмица-17, Радовиш-3, Крушево-4, Кочани-13, Пробиштип-2, Демир Хисар-2, Македонски Брод-3, Пехчево-3, Берово-4, Валандово-8, Виница-5, Делчево-1 Кратово-6, Свети Николе-8, Кичево-8, Ресен-7 и Неготино-9.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 61.543, бројката на оздравени пациенти е 38.400 на починати е 1.731, а бројот на активни случаи изнесува 21.412.

Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 26877, активни 10150

• Куманово 3738, активни 942.

2008 - 2019 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk