Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Четири лица, меѓу кои две деца, се повредени во сообраќајна несреќа што вчера попладне на регионалниот пат Куманово - Арачиново, кај Ново Село, кумановско.
Сообраќајката се случила во 18.30 часот кога патничко моторно возило „рено“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.С.(25) од Куманово, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле сопатникот Ф.А.(48) и уште двајца малолетни сопатници, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово“, соопшти МВР.
Теодора Стоевска