×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Малите чевларски фирми на работ на егзистенција

    08.07.2013 13:39 | KumanovoNews

     Сопствениците на помалите чевларски фирми во Куманово се жалат дека едвај опстојуваат, тешко ги подмируваат давачките кон државата и обврските кон вработените.

    Малите чевларски фирми на работ на егзистенција

    Тие велат дека овие проблеми посебно се чувствува во фирмите кои функционираат со 20 до 30 вработени.

     Имаме обврски кон партнерите од кои земаме репро материјал, таму се задолжуваме ако немаме да платиме. Фактурите кон нив се неподмирени, исто како и за кириите каде што сме сместени, имаме долгови за месец или два за струја. Малите препријатија се задолжени со кредити за да исплатат плата на време, инаку работниците не би работеле. Ако работиме за поголеми фирми, тие го одолговлекуваат плаќањето и се создава револт кај вработените што е нормално - велат од чевларските фирми.

    Големите фирми извезуваат чевли за странски пазар, а за производство ангажираат и дел од помалите фирми. Наплатата доцни по два - три месеци при што овие фирми се соочуваат со финансиска криза.