×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦИД организира квиз за европските земји

    24.02.2015 12:13 | KumanovoNews

    Странските волонтери, гости на Центарот за меѓукултурен дијалог организираат квиз “Европски земји“.

    ЦИД организира квиз за европските земји

    Квизот ќе се одржи во бар “Кубе“ утревечер во 19 часот и е од отворен карактер, можат да присуствуваат сите заинтересирани.

    “Квизот ќе биде за забава, ќе има интеракција. Прашањата нема да бидат тешки, но ќе се однесуваат на земјите од каде доаѓаат волонтерите, нивната култура и ќе биде прилично интересно“ - вели Александра Цветковска, координатор на странски волонтери во ЦИД.

      Во ЦИД на размена се дојдени 7 странски волонтери, а се очекува да пристигнат уште двајца или тројца. Секоја недела волонтерите  ќе организираат активности со кои ќе ја анимираат кумановската јавност.