Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
ЈП „Чистота и зеленило“ од Куманово отвори телефонска линија на која кумановци ќе можат да ги пријават проблемите во работењето на претпријатието.
Директорот Даниел Стојчевски вели дека на тој начин ќе бидат поблиску до граѓаните и ќе можат поефикасно да реагираат на нивните забелешки.
Во служба на граѓаните ќе биде телефонскиот број 072/314-502, секој работен ден од 7 до 15 часот.
„На овој начин полесно ќе комуницираме со граѓаните и очекуваме за сите пропусти и недостатоци што ги имаме во работењето да ни бидат укажани. Во координација со надлежните служби ќе се организираме и ќе постапуваме по поплаките, односно ќе се излезе на терен што е можно побрзо и ќе се интервенира. Упатуваме апел до граѓаните да ја користат оваа телефонска линија за подобрување на квалитетот на нашите услуги“, вели Стојчевски.
Поплаките првенствено треба да се однесуваат за пропустите при изнесување на сметот од домаќинствата и правните субјекти, како и фрлање на ѓубре на јавни површини.