×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • „Цивил„ со проект за зближување на младите

    16.04.2010 14:12 | KumanovoNews

     „Слободата е мојата омилена боја„ е дел од проектот која го реализира невладината организација „Цивил„ во соработака и финсиска помош од Швајцарската агенција за развој и Норвешката Амбасада. Во рамките на проектот се реализираше креативна работлиница во Центарот за култура.

    „Цивил„ со проект за зближување на младите

     Учествуваа ученици од основните училишта „Толи Зордумис„,„Наим Фрешери„ и економското училиште „Перо Наков„ од македонски и албански паралелки. Секоја работилница треше по два дена каде што децата цртаа, се дружеа, разговараа за своите погледи независно од која заедница припаѓаат -вели координаторката Фросина Милошевска.

    Учениците работеа заедно и ги изразија своите идеи за поубав град преку ликовниот израз.

    Ликовната уметност, остава можности за слободно изразување на она што го чувствува човекот. Децата имаат посебно чувство за сликање, во однос на бојата и формата, потбрено е само да се поттикнат и на хартија да го изнесат најискреното од нив. Задоволен сум од креациите и посветеноста во проектот. Впрочем тоа беше и целата- зближување на учениците од различните етнички групи - вели  Мирослав Стојановиќ, ликовен педагог.

     И учениците со позитивен став кон реализираната ликовна работлиница.

    На големото платно сликавме заедно со учениците од албанските паралеки од Перо Наков. Покрај креативната работа, се дружевме и заедно ги споделивме замислите на темата-За поубав град.На платното го ставивме она што сакаме да го има во куманово, повеќе дружење и забава -вели една ученичка од Економското училиште.

    Во рамките на проектот , како финален дел на 30 -ти април ќе се ораганизира изложба на која ќе бидат поставени делата на младите уметници.