Членови на “Српски вез“ на меѓународен фестивал во Долно Лисиче
09.06.2015 09:02
| KumanovoNews
Малата група од културно-уметничкото друштво “Српски вез“, неодамна учествуваше на првиот меѓународен детски фестивал во Долно Лисиче, Скопје.

“Нашите членови се претставија со две кореографии. Со игри и песни од Пчински регион и од Левач. Фестивалот беше со ревијален карактер“ - вели Далибор Китановиќ, претседател на “Српски вез“.
На овој фестивал учество земаа повеќе од 300 деца од повеќе земји како што се : Бугарија, Босна, Турција и повеќе друштва од Република Македонија. Фестивалот ќе се одржува традициоанлно и наредните години.
Културно- уметничкото друштво „Гоце Маркоски“ од Долно Лисиче го организираше фестивалот.