Членови на “Тумбак“ на одбележување на Денот на овчарството
11.07.2013 11:33
| KumanovoNews
Членови на кинолошкото друштво “Тумбак“ во сабота ќе учествуваат на одбележување на Денот на овчарството во Маврово.

Тоа е сточарска манифестација, но бидејќи покрај стоката одат и шарпланинците ние се вклучуваме во настанот. Луѓе од цела Македонија носат овци, кози, шарпланинци. Има натпревар во брзо молзење, стрижење на овци , музика и друго. Тоа е една дружба. На настанот присуствуваат универзитетски професори - вели Владимир Крстевски, претседател на “Тумбак“.
На есен ова друштво ќе оддржи предавања за судиите кои ги оценуваат кучињата на изложби.