×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Членовите на избирачките комисии не се исплатени

    03.07.2013 12:13 | KumanovoNews

    На прашање на советникот Борислав Додевски од Коалицијата За подобра Македонија дали членовите на избирачките комисии се исплатени по локалните избори, градоначалникот одговори дека постепено ќе ги сервисираат овие обврски. 

    Членовите на избирачките комисии не се исплатени

    Средствата за изборниот процес со одлука на Влада за првпат во плурализмот на Македонија се на товар на буџетот на локалните самоуправи. Тоа известување го добивме во јануари, и средствата ги планиравме за буџетот за 2013 година. Ние работиме на задолжителна резерва, исплативме 30 отсто од предвидените средства за тековно работење на општинска изборна комисија, трошоци за транспорт и слично. Како ќе се ослободуваат пари од задолжителна резерва така ќе се подмируваат тие трошоци - рече градоначалникот Зоран Дамјановски. 

    На советникот му објасни дека парите доцнат бидејќи општината е во лоша финансиска состојба.