×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црковен одбор брка жена на улица

    12.07.2010 11:17 | KumanovoNews

     Убавка Митровска (52) од селото Добрешане која со години наназад живее во распаднатите црковна просторија во „Св.Ѓорѓија„ во селото Доброшане, мора да излезе на улица бидејќи тоа го бара црковниот одбор.

    Црковен одбор брка жена на улица

     Таа вели дека нема каде да се исели, бидејќи е болна и без работа и затоа бара од надлежните институции  да и помогнат во решавање на стамбениот проблем.

    Барам надлежните да дојдат и да се уверат каде живеам. Се наоѓам во безизлезна ситуација, на чекор до улицата, а сакам и јас да живеам како секој човек. Не земам социјална помош подолго од пет месеци и немам денар пари. Немам за леб, ниту за најнеопходните потреби за живеење. Просториите каде што живеам сега почнаа па се распаѓаат, а три пати до сега ми се сруши кровот врз мојата глава. Постојано сум под притисок и стрес дека истото може да се повтори. Болна сум, а од глад постојано ми се врти и паѓам. Проблемот ми стана уште поголем откако одборот во црквата ме брка, а јас немам каде да одам - рече видно вознемирена и загрижена Митровска.

     Таа ги повикува сите добри луѓе кои имаат начин да и помогнат, за да не заврши на улица како бездомник.