×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвен крст ќе им помага на старите лица во набавка на храна и лекови

    14.11.2020 12:44 | KumanovoNews

    По повод Неделата на грижа на старите лица, мобилни екипи од Црвен крст, од понеделник до петок ќе организира бесплатна услуга за набавка на храна и лекови на за стари и осамени лица во Куманово.

    Црвен крст ќе им помага на старите лица во набавка на храна и лекови

    Општинската организација на Црвен крст Куманово, своите традиционални активности ги поврзува со актуелната состојба и организира хуманитарни акции со цел да се даде придонес во одговор на предизвиците на ковид-19.

    „Согласно традиционалните акции и активности на Црвениот крст од 16 до 22 ноември се одбележува Неделата на грижа на старите лица, под мотото „Сите сме нивни деца“. Во рамките на неделата, општинската организација ќе организира активности за бесплатна услуга за набавка и достава на храна, хигиена, лекови и други намирници за стари и осамени лица на телефонскиот број 077/597-149 од 9-15 часот, постарите лица ќе имаат можност да ја најават својата потреба за поддршка од страна на мобилниот тим на Црвен крст Куманово, - соопштуваат од Црвен крст Куманово.