Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
На Градскиот плоштад и централното градско подрачје волонтери на Црвен крст Куманово бесплатно делеа шишиња со вода на случајните минувачи, воедно потсетувајќи ги на мерките за заштита од екстремно високите температури. Се работи за дводневна акција, спроведена на 15 и 16 август.
Општинската организација често презема вакви акции во услови на тополотен бран.
„Беше убаво да се види нешто посјајно од летното сонце – насмевките на опфатените минувачи. Поделени се 120 шишиња од членови на Црвен крст и Клуб на млади од нашата организација, воедно потсетувајќи ги како да го заштитат своето здравје и благосостојба во вонредни околности, какви што имавме деновиве“, истакна Шпејтиме Хисејини.
Од организацијата препорачуваат ранливите категории-бремените жени и постарите од 60 години, хронично болните од кардиоваскуларни, невролошки и белодробни заболувања да преземаат екстра мерки, и да не излегуваат без неодложна потреба од свежи и климатизирани простории. Апелираат до помладите да обратат особено внимание на нивните блиски ако им е потребна дополнителна грижа и надгледување.
Прпорачуваат и да се следат упатствата на здравствената струка, полесна и светла гардероба, повеќе течности, лесна храна, избегнување на тешки и обилни оброци и повеќе мирување на ранливите категории граѓани.
Акцијата е дел од испланираните летни активности на организацијата