×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Црвенковски: Циц е човек со широко срце

    25.06.2012 07:59 | KumanovoNews

     На големиот мининг на СДСМ на Градскиот плоштад, синоќа и официјално беше промовиран кандидатот за градоначалникот Зоран Дамјановски.

    Црвенковски: Циц е човек со широко срце

    Пред неколку илјади членови и симпатизери, актуелниот градоначалник ја изнесе програма за работа и побара од граѓаните доверба за уште еден мандат.

    Ја барам вашата доверба мои драги сограѓани затоа што во овие 7 години, 3 месеци и 2 недели, работевме и го направивме Куманово пристојно место за живеење. Така ќе продолжиме и во наредниот период. На „Чоробенско ќоше„ ќе изградиме нова деловно-административна зграда, кој ќе го осовремени просторот и ќе го реши проблемот со локалната администрација. Ќе направиме фабрика за преработка на цврст отпад, која е единствена од таков вид во државата. Таа претставува најголема инвестиција во моментот во државата, чини 70 милиони евра и ќе вработува над 150 луѓе. Ќе започнеме со изработка на стратегија за нови извори за вода за градот. Неможе тројца луѓе да играат мајтап со 120 000 луѓе. Куманово нема повеќе да биде заложник на политички препукувања, без разлика на која полтичка партија припаѓаат. Ќе направиме индустриска зона на потегот Табановце- Режановце со над 100 локации за мали претпријатија, а ќе има и нови вработувања. Особено внимание ќе посветам на приградските населби, каде ќе ги решиме сите комунални проблеми, затоа што секој граѓанин треба да има исти права. Во областа на културата, нема повеќе да се мериме со Југоисточна Европа туку со метрополите на културата во светот. Оваа локална самоуправа дозволи во Советот да се зборува на 4 јазика и единствени сме по тоа. Затао ајде заедно да победиме. Ја знаете паролата: „Чекот по чекор, миц по миц, по трет пат доктор Циц„- ги повика граѓаните Дамјановски, кои еуфорично и со скандирања го поздравија.  

    Лидерот Бранко Црвенковски му ја честиташе кандидатурата на Дамјановски и побара од него голема победа во Куманово.

    И покрај сите блокади и опструкции од Владата, Зоран Дамјановски успеја Куманово да го направи една од најуспешните општини во државата и да реализира стотина проекти, да изгради инфраструктура, да урбанизира, да гасифицира, да реновира училишта, да инвестира во спортот и спортски објекти, во културата, да им помага на социјално загрозените и стечајците. Човек кој успеја да изгради меѓуетничка толеранција и доверба. Човек со широко срце, кој сака секого да сослуша и ако се може да помогне. Циц нека ти е честито и со среќа нека ти кандидатурата! Знам дека ќе ја оправдаш довербата и сигурен сум дека ти и твои кумановци пак ќе победите. Само имајте нешто на ум уште одсега, мала победа не ни е доволна, нам ни треба голема референдумска победа во Куманово- изјави Црвенковски.