×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • ЦСПР ќе соработува со бугaрски невалaдини организации

    27.03.2014 17:00 | KumanovoNews

    Членови на бугарски невладини организации заедно со претставник на Центар за меѓукултурен дијалог денеска го посетија Центарот за развој на североисточен плански регион.

    ЦСПР ќе соработува со бугaрски невалaдини организации

    Младен Протиќ, раководител на центарот им ја објасни структурата на регионот и зборуваше за тековните проекти.

    Ние имаме соработката со ќустендилската област, меѓутоа директно со невладини организации од Бугарија немаме контакти. Оваа прилика ја користиме за да направиме една мрежа, да се запознаеме и утре ако затреба да бидат наши партнери или ние нивни, односно да си помогнеме за изнаоѓање на партнерства кои ќе бидат важни за програмскиот период 2014 - 2020 година за аплицирање за ИПА фондови - изјави Протиќ.

    Бугарските активисти од нво секторот кажаа дека имаат искуство со европски проекти и се надеваат дека во наредните два дена додека престојуваат во Куманово ќе најдат организации потенцијални партнери.

     Сега имаме потреба од вас како партнери и ова ќе ни помогне да имаме подобар преглед во организациите кои работат во европски проекти. Многу е добро што се запознаваме и за понатаму се надеваме да работиме заедно и да имаме повеќе успех - вели Слава Соколова од Општина Ќустендил.

    Оваа средба е само дел од активностите кои ЦИД ги прави со цел полесно вмрежување на организациите од Македонија и Бугарија.

    Проектот НетВес - “Изградба на погранична мрежа за ефективно и оддржливо граѓанско општество“ се реализира преку ИПА програмата за меѓугранична соработка, а се спроведува од ЦИД и Фондација Европски Институт Благоевград.