Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
По повод 11 Октомври - Ден на народното востание утре во 11 часот свежо цвеќе пред Спомен костурница ќе положат делегации од локалната, централната власт, борците, јавните претпријатија, училиштата, здруженијата и други.
Во чест на празникот се организираат повеќе активности. Дел од нив се во тек, а дел ќе се реализираат деновиве. Во тек е 8 - та меѓународна изложба на уметничка фотографија Фото салон “Куманово 2013“ во Уметничка галерија. Се реализираше Средбата на генерациите во Пелинце, а вечерва во 19 часот во МКЦ“Козјак“ концерт ќе оддржи КУД “Панче Пешев“.
Во 12 часот утре имаме старт на традиционалната трка во чест на 11 Октомври за трофеј. На Градскиот кеј кај Спортската сала, таму е стартот и финишот. На трката ќе земат учество велосипедисти од цела Македонија. Во исто време е и турнирот „Куманово 2013“ во пинг - понг во Гимназија “Гоце Делчев“. Сите љубители на пинг - понгот ќе бидат таму. Во сабота на атлетскиот полигон кај Техничкото училиште ќе се оддржи атлетски митинг со многу училишта од Македонија. Ќе има многу учесници, а по најавата и убаво време - изјави Жика Крстевски, раководител на сектор за култура и спорт во Општина Куманово.
Од понеделник стартува Фестивал на новиот германски филм во организација на германска амбасада и МКЦ“Козјак“.
Крстевски вели дека многу здруженија пројавиле интерес да се вклучат во одбележување на празникот, но од финансиски причини програмата се сведува на наведените активности од кои повеќето се традиционални.