Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на почитувачи на ликот и делото на Јосиб Броз-Тито, по повод 4 мај денот на смртта на поранешниот претседател на СФРЈ, денеска положија цвеќе на споменикот во Градскиот плоштад.
Ние сме сведоци на тоа време и на бенифитите кои ги имавме како граѓани на таа држава. Македонскиот народ не смее да го заборави значењето на Тито за создавање на македонската државност, национална и социјална слобода на македонскиот народ - вели секретарот Томислав Стојковски, полковник во пензија.
Од Здруженето велат дека имаат членство и од помладите генерации кои ќе продолжат нивната традиција.