×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цветков: Не сум кодош!

    17.08.2012 13:27 | KumanovoNews

     Советникот на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Општината Куманово Бранко Цветков (73) ги отфрли обвинувањата дека соработувал со тајните служби, откако пред два дена Комисијата за верификација на факти го објави неговото досие под псевдоним „Велешки студент„.

    Цветков: Не сум кодош!

    На денешната прес-конференција тој објасни дека воопшто незнаел дека има полициско досие, ниту пак имал соработка со тогашните служби. Како студент по шумарство во 1964 година престојувал кај свој пријател во Хановер, по што кога се вратил дома бил повикан во полицијата да раскаже каде бил и што работел.

    Во мојата изјава беше раскажано моето туристичко патување, кои места сум ги посетил, каде сум престојувал и што сум работел. Нити сум наведувал други лица, ниту некого сум кодошел. По завршувањето на тој информативен разговор никогаш повеќе не бев повикан на друг разговор, ниту пак сум имал контакт со службите на тогашна УДБА. Тоа го покажува и моето досие во кое се гледа дека нема контиуитет во соработката. Три години по наведниот период јас со смејството бев во Германија и останав три години таму, ако сум работел за таа служба, каде се извештаите од тој период - вели Цветков.

    Тврдењата дека немал соработка со службите го поткрепува со фактот дека во 1977 по враќањето од Германија година останал две години без работа во Велес и никој не му помогнал да го згрижи семејството. Поради тоа се преселил во Куманово и се вработил во Шумско стопанство.

    Тој објаснува дека во тоа време пред речиси 50 години секој граѓанин на тогашната држава по престојот во странство, бил викан на информативен разговор во полиција, кој не смеел да го одбие.

    Одговорно тврдам пред целата македонска јавност дека не сум соработувал со тајните служби. Мојот углед и мојот образ е извалкан, но несакам никој да се срами затоа што ми бил пријател или роднина. Јас правдата ќе ја докажам на суд-вели Цветков.

    Тој за полициското досие дознал од медиумите.