×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цветковски ќе поднесе кривична пријава против СДСМ

    03.04.2015 11:33 | KumanovoNews

    Виктор Цветковски од ГРОМ денеска на прес-конференција, соопшти дека ќе поднесе кривична пријава за неовластено прислушкување и тонско снимање против СДСМ.

    Цветковски ќе поднесе кривична пријава против СДСМ

    Реакцијата на Цветковски следи откако вчера во една од објавените “бомби“, наводно тој со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска договара колку гласови ќе обезбеди на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во 2013 година. Цветковски не негира дека преговарал и со ВМРО-ДПМНЕ и со СДСМ, што е сосема легитимно за во вториот круг и бара СДСМ да ги објави разговорите водени помеѓу него и градоначалникот Зоран Дамјановски на 25 март 2013 година.

    Од разговорот се гледа дека веќе разговараме за политичка соработка, која со Зоран Дамјановски и СДСМ не ја постигнавме, а  ја постигнавме со ВМРО-ДПМНЕ. Првин, на вчерашната снимка нема ништо освен разговор за поддршка на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во вториот круг од локалните избори 2013. Го повикувам раководството на СДСМ доколку има било каков снимен материјал за мене, што упатува на извршено кривично дело веднаш да го достави до Јавното обвинителство, и доколку има било каков основ, да се поведе соодветна постапка - изјави Цветковски.

    Цветковски вели дека нема да дозволи никој да си игра со неговиот углед и приватност.