×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Цветковски:Дамјановски е историска грешка на Куманово

    04.04.2015 12:49 | KumanovoNews

    Виктор Цветковски, генерален секретар на ГРОМ, денеска му врати на градоначалникот Зоран Дамјановски,  дека благодетите на партијата ги уживаат неговите блиски луѓе, побратимци, кумашини, братучеди, кои се на раководни функции во јавните претпријатија.

    Цветковски:Дамјановски е историска грешка на Куманово

     Цветковски, на денешната прес-конференција, вели дека од сопартијците на градоначалникот добил погрдни зборови, само затоа што се спротивставил на неговата кандидатура за трет мадндат.

    “Велите дека е историска грешка што сме дале делумна поддршка во вториот круг на вашиот противкандидат? Не господине Дамјановски, историска грешка на Куманово сте вие. Вашата лакомост од три мандати, наклонетост кон криминални делувања и задоволување само на вашата егоистична побуда да бидете сеуште институција која својата моќ ќе ја користи за себе и за вашите најблиски, не обрнувајќи внимание за обичните граѓани и по цена да си играте со нивните судбини. Тоа сте вие и вашите грешки кои преку “вашата вистина“ ќе излезат пред институциите на правдата и еднаш засекогаш ќе ја бараат вашата одговорност“ - кажа Цветковски.

    Цветковски обвинува дека Дамјановски поради свои бизнис интереси во урбанизмот, градот го претворил во карикатура, а градскиот превоз и превозот на ученици е негов бизнис.