×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да не се палат стрништа, страдаат и околните површини, апелираат пожарникарите

    26.09.2023 08:59 | Оливера Пешевска

     Петнаесетина пожари на отворено се изгаснати во последните два дена во околината на Куманово. Најголем дел од нив се на страништа и ниви со сува вегетација, кои биле намерно запалени, па се прошириле и зафатиле поголеми површини на ниско растиње и шума.  

    Да не се палат стрништа, страдаат и околните површини, апелираат пожарникарите

    Палењето на странишата го практивуваат земјоделците пред есенското орање на нивите, а особено е интензивно за време на викенд кога луѓето се слободни. Откако ќе го запалат стрништето тие најчесто си заминуваат, за да не бидат откриени, по што пожарот неконтролирано се проширува и зафаќа поголема површина.

    За искоренување на ваквата примитивна појава не помагаат ни честите апели на стручњаците, дека со ваквото палење се загадува земјиштето и се намалува родот, а дополнително се загадува и воздухот и се уништува природата.  Но, сепак, тука најголема вина имаат надлежните кои не ја санкционираат оваа појава. 

    Пожарникарите се полни раце работа во овој период.
     
    „Долгиот период без врнежи, сувата и висока вегетација и палењето на стрништата ни задаваат постојано нови задачи и главоболки. Само што ќе се вратиме од некоја интервенција, повторно ќе не повикаат на истата локација, што создава сомнеж дека се работи за намерно палење. Викендов имавме интервенции на над 10 локации, колегите кои користеа слободни денови или пред 3 смена беа повикани да ги пополнат празнините и да ја извршиме службата“, изјави Борис Станковски, заменик-командир на ТППЕ Куманово.

    Поголема површина на сува трева и стрниште биле изгаснати во селата Пуковско и Проевце, Живкова Карпа, Шупли Камен и Доброшане, Речица, Ваксинце, Романовце, Брзак, Табановце и Матејче. Пожари имаше во селата Никуштак, Умин Дол, Тромеѓа, населбите Перо Чичо и Карпош, Железничка станица.

    ТППЕ Куманово, локалниот огранок на Дирекцијата за заштита и спасување и  полицијата апелира до граѓаните да се воздржат од палење оган на отворено, особено стрништа, како и други активности кои можат да предизвикаат несакани пожари.

    „Потсетуваме дека предизвикување на пожар претставува кривично дело кое се санкционира со соодветни поднесоци и за кое е предвидена затворска казна до 8 години согласно член 227 од Кривичниот законик, зависно од видот на пожарот, причините за неговото настанување и другите околности и последици“, велат од СВР Куманово.

    Досега локалните пожарникари немаат поднесено пријава до ниту едно лице за намерно предизвикување на пожар.