×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да не се палат бадникови огнови тоа не верски обичај

    05.01.2024 13:06 | KumanovoNews

    Палењето на бадниковиот оган не е дел од православната вера, туку е паганска традиција останата во народните обичаи. Со години свештениците апелираат да се прекине со практикување на овој обичај, кој се коси со правилата на црквата.

    Да не се палат бадникови огнови тоа не верски обичај

    „Палењето на бадниковиот оган не е верски обичај, туку она што го налага православието е сечење на „колач“, пченица и вино за обавување на било кој обред, вклучително и празнување на големиот празник“, појаснува Драган Алексовски, намесникот во кумановската црква.

    И  граѓанските организации апелираат до верниците да се воздржат од  дополнителни загадувања на веќе доволно штетниот воздух за сите нас. Со тоа не ја почитуваат својата вера, бидејќи тоа не стои во верските обичаи туку напротив прават штета на своето опкружување.

    На веселбите се пие многу алкохол и се слуша гласна музика во време на пост кога најмногу треба да се покаже скромност и воздржаност, иако тоа помага во здружувањето помеѓу луѓето за празниците не е во духот на христијанскиот празник.

    Бадник претходи на Божиќ и е најсветол празник кој го најавува Христовото раѓање.

     

    Теодора Стоевска