×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дa се направи увид во функционалноста и капацитетот на Кумановската болница, бара Општинскиот штаб

    05.04.2020 15:42 | KumanovoNews

    Министерството за здравство да направи целосен увид во состојбата во Општата болница Куманово и да процени дали таа може да функционира со толкав број на заболени здравствени работници, побара Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешниот состанок.

    Дa се направи увид во функционалноста и капацитетот на Кумановската болница, бара Општинскиот штаб

    Овие барања уследија поради зголемениот број на позитивни случаи на КОВИД-19 и сомнителни случаи во самоизолација, кои дошле во контакт со заразени пациенти.

    -Бараме од Комисија за заразни болести во Министерство за здравство да направи целосен пресек на состојбата во Општа болница Куманово за бројот на позитивни случаи од персоналот во болницата по одделенија и да даде свое видување за функционалноста на капацитетите на болницата во овие околности, - соопштуваат од Општинскит штаб.

        Во Кумановската болница од коробавирус се заразени 15 доктори и медицински сестри. Најмногу на инфективното одделение.

    - Поради ова двајца доктори од Скопје и од Штип ќе одат во Куманово да ја организираат работата на ова одделение од овој момент. Траат анкетите со уште двајца лекари, од рентген-дијагностика и од лекар од општата служба, и во зависност од тоа колку лица ќе бидат во самоизолација, ќе се организира работата на останатиот дел од болницата, кажа пред два дена министерот Филипче.

    Општинскиот штаб бара од Министерство за надворешни работи да ни достави список на лица од Куманово, кои се најавени да се вратат во државата, а побара од кризниот штаб при Влада да задолжи лице од Министерство за труд и социјална политика, кое директно ќе се вклучи во работата на Општинскиот кризен штаб.

    Куманово од петок е во продолжен полициски час, кој ќе трае до понеделник во 5 часот наутро. За 34 часа регистрирани се 14 прекршувања на ограничувањето на движење во Куманово. Во градот работат дежурни маркети и аптеки, а  храна може да се нарача телефонски и да се достави до граѓаните, кои не успеаја да се снабдат со потребните продукти.