×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Да се пријават фирми за обучување на кандидати

    23.06.2015 12:06 | KumanovoNews

    Фирмите кои сакаат да обучуваат кандидати за професионални вештини, можат да се пријават во соба бр.20 во Центар за вработување Куманово.

    Да се пријават фирми за обучување на кандидати

    Фирмите на потенцијалните кандидати ке им помогнат да се здобијат со знаење и вештини, директно на работно место на лица до 29 години за да се подобри нивната вработливост, гарантирајки ограничено време на вработување преку: обука во времетраење од 5 месеци, полагање и здобивање со диплома и вработување најмалку 6 месеци.

    Обврски на фирмата се извршување на 5 месечна обука на млади невработени лица од 18 до 29 годишна возраст, кои се активни баратели на работа евидентирани во АВРМ. Фирмата ке биде обврзана на потпишува трипартен договор Агенција, фирма и кандидат, вооедно ке именуваат ментор за секој кандидат. Фирмите ке ги обучуваат кандидатите од сите аспекти, релевантни за испит за добивање на диплома пред преставници на Работнички Универзитет. Обврска на фирмата кај која кандидатот се обучува е да му понуди вработување со полно работно време, како пријавен и вработен во фирмата најмалку 6 месеци. Кандидатот кој ќе посетува обука како реставратор во историски музеј, ќе полага испит по обуката и ќе се здобие со сертификат за реставратор“ - објаснуваат од ДРОМ.

    Фирмата ке добива надомест по вклучен кандидат во вкупна висина од 5200 денари. Предност ќе имаат млади самохрани лица кои се без родител или со еден родител и лица со попреченост.

    Учесниците кои ке бидат избрани по распишаниот оглас, ке добиваат месечен надомест во износ од 5535 денари за покривање на патни трошоци и хранарина, како и трошоци за осигурување во случај на несреќа на работно место и персонален данок 10%.