Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Да се сруши старата жолта куќа на улица “Ленинова“ во центарот на градот, бараат граѓаните.
И денеска просторот околу овој стар и дотрајан објект е ограден со ленти, како превентивна мерка за заштита граѓаните де не поминуваат покрај куќата и да не дојде до нескани последици. Граѓаните се категорични дека старите градби треба да се зачуваат како автентични, но во ваква ситуација кога се оставени на забот на времето, подобро е да се урнат и да не го нагрдуваат градот.
Ова е срамота за сите градоначалници кои владееле во Куманово. Оваа градба е од пред војната, изградена во 1930 година отприлика. Цело старо Куманово е уништено. Најсоодветно е да се сруши ова, а се друго старо да се сочува за да не се распадне. Ако плаќаме редовно давачки, и општината треба да си ги извршува обврските - вели А.Г. граѓанин.
Пешаците денеска љубопитно го набљудуваа заградениот објект, и сметаат дека сите небезбедни стари куќи треба да се срушат од надлежните.
Или нека се санира ако може или нека се руши, трета опција нема. Грда слика е ова за градот. Тие стари објекти можат да направат штета ако паднат - кажа Живко Мишевски, граѓанин.
Од секторот за урбанизам во општина Куманово ветија дека за два до три дена ќе дадат конкретни информации, што понатаму ќе се прави со овој дотрајан објект.