×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дали ВРЕДИ ќе постави директор во Центарот за култура во Куманово, прашува Левица

    03.08.2024 09:15 | Сузана Николиќ

    Дали директорското место во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово ќе го добие коалицијата Вреди, прашуваат од партијата Левица.

    Дали ВРЕДИ ќе постави директор во Центарот за култура во Куманово, прашува Левица

    „Дали наставникот по одделенска настава во с. Лопате е кадарот на ВРЕДИ, ЗНАМ и ДПМНЕ кој ќе директорува со Домот за културата во Куманово? Дали Шукри Бекири некогаш влегол во Домот на култура во Куманово, па макар и како дел од публика? Додека Димитриевски глуми патриот по бугарски телевизии и лажно се бори против необалистичките идеи на ВРЕДИ, во позадина подготвува неквалификуван кадар од ВРЕДИ да го преземе директорското место во Домот на култура во Куманово. Вработените во НУЦК „Трајко Прокопиев" во Куманово се загрижени поради нестручноста и немањето искуство на Бекири од областа на културата и прашуваат дали партиските неспособни кадри за кратко време ќе ги избркаат културните работници на улица“, стои во соопштението на Левица, испратено до медиумите.

    Информацијата дека Вреди ќе назначи директор во институцијата им било потврдена на вработените од партиските ограноци во коалицијата.

    Владата назначи в.д. директори на повеќе институции од културата во земјата, но не и во Куманово. Нов директор се чека и во Кумановскиот музеј, за кој неофицијално е тврди дека ќе биде кадар на ЗНАМ.