×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски ги демантираше обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    18.05.2012 12:18 | KumanovoNews

     Критиките кои беа упатени на градоначалникот Зоран Дамјановски од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во последниве денови, тој ги отфрла како невистинити. Според него, членовите на ВМРО-ДПМНЕ се служат со лаги за да ја дефокусираат јавноста од вистинските проблеми.

    Дамјановски ги демантираше обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ

    Сертификати за техничка исправност, еуро еден и два стандарди издаваат станици за технички преглед кои ги има неколку во градот. Врз основа на тие сертификати локалната самоуправа одобрува лиценци. Училиштата сами ги бираат превозниците, некогаш и во група основни и средни. Локалната самоуправа ги менаџира блок дотациите од државата, за жал скратени и прескокнати во неколку наврати. Вие сакате да ја замајувате јавноста бидејќи имате неисплатени долгови кон луѓето по основ на субвенции, има огромна сиромаштија, големи проекти кои не се довршени и затоа се фокусирате на локално ниво. Отварате теми за кои дефинитивно немате никаква политичка поткрепа за она што го зборувате - изјави Дамјановски.

    Тој вели дека четири години по ред Општината има дефицит на средства за ученичкиот превоз. Лани за превозот на основците се до април годинава Општината регистрирала недостаток на 5.732.470 денари. За средните училишта за истиот период има недостаток од 20.548.186 денари. Дамјановски посочи дека власта не може да избега од одговорноста за лошата економска и безбедносна состојба во државата. Повика на дуел со референтно лице од противничката политичка партија.