×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Направивме единствена локална самоуправа

    06.07.2010 14:57 | KumanovoNews

     Наградата што ја добив е резултата на петгодишната макотрпна работа и стрпливост на граѓаните во создавањето на подобри економски и инфраструктурни услови за посреќен и подобар живот.

    Дамјановски: Направивме единствена локална самоуправа

    Градоначалникот Зоран Дамјановски по враќањето од Сараево каде му беше врачена наградата за најградоначалник во централна и јужна Европа, денеска на прес конференција ги изнесе своите впечатоци од свечената мнифестација.

    Како резултат на нашата работа и промовирањето на Куманово во меѓународни рамки, направивме единствена локална самоуправа која е признаене и почитувана, не само во соседните земји, туку и пошироко во регионот.На манифестацијата учествуваа признаени луѓе од регионот во политиката, бизнисот и дипломатијата со кои воспоставиме комуникација и да се договоривме за понатамошна соработка. Наградата што ја добив е резултата на петгодишната макотрпна работа и стрпливост на граѓаните во создавањето на подобари економски и инфраструктурни услови, за посреќен и подобар живот на граѓаните. Меѓутоа да се биде добар менаџер е многу одговорна работа и затоа улогата на градоначалникот е пресудна во креирањето на иднината на Општината и создавањето на цивилизациските и модерни услови за живеење на градот- смета градоначалникот.

    Дамјановски најави во наредниот период изградба на нов трговски центар, зграда на локалната самоуправа во центарот на градот, затворен пазар, завршување на гасификација и отпочнување на проектот минипрочистителни станици во руралните средини.