×
  • Насловна
  • Вести
  • Регион
  • Македонија
  • Спорт

  • Видео

  • Колумни
  • Интервју

  • По допрен глас
  • Репортажи
  • Ретроспектива

  • Погранична хроника
  • Фото вест - Ваша пошта!

  • Дезинформации
  • ПРОВЕРКА НА ФАКТИ:КОВИД-19
  • Проверка на факти: реформи кон ЕУ

  • Контакт
  • Политика на приватност
  • Импресум
  • Маркетинг стратегија
  • Понуда за рекламирање

  • Дамјановски: Водата доби политичка боја

    12.06.2012 11:03 | KumanovoNews

      Проблемот со водоснабдувањето повторно се актуаелизираше откако градот го зафатија високи температури.

    Дамјановски: Водата доби политичка боја

    Градоначалникот на Куманово, Зоран Дамјановски писмено побарал од Министерството за транспорт и врски, Министерството за земјоделство и Владата да одржат заедничка состанок за да најдат решение за водоснабдувањето на градот. Проблемот со водоснабдувањето повторно се актуаелизира откако градот го зафатија високи температури. До филтер станиците се испорачуваат 170 литри во секунда  вода, а од бунарите уште 100 литри во секунда, па вкупната количина не е доволна за сите зони.

    И покрај нашите напори да се направи премостување помеѓу ЈП “Водовод“ и Водостопанство „Кумановско Липковско поле„ не наидовме на разбирање за бајпасирање и дотур на дополнителни 130 до 140 литри во секунда со што Куманово би било доволно обезбедено со доволно количина за сите зони. Овие денови интензивно се работи на политички план да најдеме решение и излез. Имаме неколку понуди од општината да се премости ова недоразбирање. Не може Куманово и кумановските граѓани да будат заложници на две спротивставени политики - изјави Дамјановски.

    Дамјановски вели дека конференциите за печат кои ги организира ВМРО-ДМПНЕ имаат за цел да ја девалвираат работата на локалната самоуправа.